Маја Кикириткова vs. Наташа Беквалац: На која подобро ѝ стои овој фустан?

Добивај вести на Viber

И двете дами секогаш се облечени по последна мода и во она кое што е тренди. Зависно од настанот на кој се појавуваат или за пригодата на која треба да присуствуваат.

Двете се русокоси, успешни во своите кариери, атрактивни и инфлуенсерки.  

Пред неколку дена пејачката Наташа Беквалац на еден од нејзините настапи носеше црвен долг фустан, кој го истакна нејзиното убаво оформено тело. Долгата тоалета ја следи линијата на телото, со долги ракави и со полуролка.


А пак нашата модна дизајнерка, Маја Кикириткова во Белград на промоција на познат бренд носеше исто така долга тоалета која ја следи секоја линија на телото во вино-црвена боја, со полуролка и долги ракави. Дизјанерката своите извајни нозе ги истакна со длабокиот шлиц кој му дава дополнителна елегантна нота на целиот изглед.


И двете своите изгледи ги заокружиле со високи потпетици, личен печат на дами кои знаат да го носат својот стил и карактер.


Фото: Инстаграм

Р.Ж.М.