Маја Оџаклиевска: Внук ми има аутизам поради вакцината ММР

Добивај вести на Viber

Маја Оџаклиевска во медиумите отворено зборува за аутизмот на својот внук Лука, кој има девет години. 

„ Внук ми има девет години, а уште не зборува. Се бориме-“, изјави легендарната пејачка во една ТВ емисија. Маја смета дека за состојбата на внукот е виновна ММР вакцината која ја примил кога имал две години.

„Јас прва ги забележав првите манифестации на аутизам. Затварање, изолација, бегање под маса. Ова се случи еден месец откако ја прими вакцината. Ѝ кажав на ќерката, а кога ни ја потврдија дијагнозата, тргнавме со разни методи на лечење, квантна медицина, биоенергетичари“, изјави скопјанката која долги години живее во Белград.

Маја со внукот Лука 

„ Јас сум веќе баба и нема ништо повредно за мене од игрите со мојот внук“, ни изјави Маја минатата година, кпга беше во Скопје. Таа порачува дека за аутизмот треба отворено да се зборува и додава дека тоа не е ментална болест. Лука е син на постарата ќерка на Маја, Теа.  Освен Теа, Маја има уште една ќерка, Андреа која студира туризам.

Фото: Хелоу магазин,Стори