Маја Сашек и Цаци Паковска пак се заедно

Добивај вести на Viber

Маја Сашек е прекрасна уште еднаш. Таа е  дел од убавата нова модна приказна на Цаци Паковска, со која таа ја претставува нејзината најнова колекција чевли.

„Не би сакала да поседувам чевли кои поради својата висина на потпетица, или лошиот калап, не би ги облекла повеќе од три пати. Се надевам дека успеавме да ја најдеме вистинската формула за атрактивен дизајн, добар квалитет и неверојатна удобност.“- ни изјави Цаци Паковска во нејзиното интервју за Женски Магазин.

Изборот на креаторката да соработува со Маја Сашек како модел, сигурно не е случаен. Маја и претходно беше модел со кој Паковска соработуваше. 

Двете заедно го обоија центарот на Скопје во бои кои ќе ги красат женските стапала. 

Во прилог дел од нејзината најнова модна приказна, зачинета со шармот на прекрасната Маја Сашек.