Мајка ја донираше својата матка: Она што на почетокот беше само луда идеја, станува реалност

Добивај вести на Viber

Кирсти Брајант (29) од Австралија ја загубила матката при итна хистеректомија поради обилно крварење по раѓањето на првото дете.

Тоа се случило во 2021 година, а Кирсти била прилично уништена бидејќи била сигурна дека нема да може повторно да раѓа.


Сепак, на 10 јануари оваа година, надежта ѝ се вратила откако и беше пресадена матката на нејзината мајка во Кралската болница за жени во Сиднеј. Нејзината мајка Мишел Хејтон (53) всушност ја шокирала кога првпат ѝ ја спомнала оваа идеја. Таа дошла кај неа и ѝ предложила да ѝ ја донира матката, бидејќи и онака повеќе не и треба. Она што на почетокот изгледало како луда идеја станало нешто што Кирсти почнала сериозно да го размислува.

-Кога таа ми го спомна за прв пат, јас и реков: „Те молам прости ми, сериозна ли си?“ Таа беше многу сериозна. Детето ќе го носам во истата утроба во која сум се развивала јас - рекла младата мајка и истакнала дека тоа е прва трансплантација на матка направена во Австралија.

- Откако ми предложи трансплантација на матка, некако не можев да ја исфрлам таа идеја од мојата глава. Знаев дека тоа е единствената опција ако сакам да родам уште едно дете. Тој подарок што ми го даде мајка ми е неверојатно дарежлив, таа е всушност причината зошто сакав да станам мајка – се присети таа.

Целата процедура во Кралската женска болница ја водел гинекологот и експерт за плодност д-р Ребека Динс, која објасни како оваа форма на трансплантација на органи се разликува од другите.

- Се разликува од другите облици на трансплантација на органи бидејќи се работи за привремена трансплантација која обично трае околу пет години, што е доволно време да им се овозможи на жените да имаат деца. Органот се дава привремено поради имуносупресивните лекови кои треба да ги земе пациентката - објасни доктор Динс и откри дека операцијата на Кирсти Брајант е прва од 12-те што планира да ги направи со својот тим оваа година.

Станува збор за шест донирани матки од живи и шест од починати дарители. - Живи донатори ширум светот се претежно сестри, мајки, роднини или блиски пријатели. Мртви донатори се луѓе кои починале прерано, можеби во сообраќајна несреќа или поради мозочно крварење - додаде таа. Сите процедури од овој тип се под надзор на професорот Матс Бренстром, докторот кој стои зад првата успешна трансплантација на матка извршена во Шведска во 2012 година. Во оваа прилика тој добар дел од 2023 година ќе живее во Сиднеј за да биде со лекарите кои ќе вршат трансплантација во Кралската болница за жени, пренесува Дејли Мејл.


Фото: Фејсбук/ unsplash