МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ Vs КОРОНА ВИРУС: Летните одмори ќе направат повеќе проблеми со ковидот отколку со сипаниците, предупреди епидемиологот Стојанов

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што дел од експертската јавност алармира на ризик од зголемување на бројот на случаи заразени со мајмунски сипаници, особено поради зачестените патувања во текот на летниве месеци, епидемиологот, д-р Александар Стојанов во разговор за Фактор вели дека е далеку помала опасноста од оваа болест и можноста за развој на епидемија на мајмунски сипаници, отколку што повторно може да се разгоре корона вирусот. Светската здравствена организација (СЗО) советува претпазливост при престој на бројни летни фестивали и други масовни собири, бидејќи мајмунските сипаници се пренесуваат и со контакт кожа на кожа.

-Точно е дека сега многу повеќе се патува, луѓето на разни дестинации ги користат годишните одмори, но во соседството досега се регистрирани мал број на луѓе кои се заразија со мајмунските сипаници. Два случаи имаше во Грција и по еден во Хрватска и во Србија и сите беа импортирани, одноно увезени од други земји. Заразувањето со мајмунските сипаници не се пренесува така лесно, потребен е директен контакт, за разлика од корона вирусот кој многу полесно се спренесува. Овој облик кој е присутен во Европа, а не во ендемските земји, нема тешка форма на болеста. Значи, заразените со мајмунски сипаници,а досега се регистрирани околу 800 случаи ширум континетот, имаат полесен тек на болеста, отколку што е формата на мајмунските сипаници во африканските земји. Затоа и посебна претпазливост се советува ако се патува на егзотични дестинации, како централна и западна Африка, кои всушност се ендемски области на овој вирус. Исто така, би сакал да истакнам, дека повозрасните генерации кои се вакцинирани против вариола вера, најверојатно се уште поседуваат имунитет и против мајмунските сипаници, вели д-р Стојанов.


Детали читајте на Фактор тука.