Македонци што се преселија на Сејшели: Децата ни учат низ игри, а во училиште може да седат и боси

Добивај вести на Viber

Марија во училиште тргна во Скопје, но поради работните обврски на родителите семејството сега живее во Сејшели. Мајката Елена вели дека препознала голема разлика, но задоволството е и кај Марија, но и кај нејзиниот постар брат. Учат на интересен начин, низ игра, без напори и со смеење. Училиштето кое го посетуваат е приватно и по методот на Монтесори. Станува збор за образование кое се базира на насочена активност, практично учење и игра. Во училниците  децата прават креативни избори во нивното учење, додека училницата и високо обучениот наставник нудат активности кои се соодветни на возраста за да го водат процесот. Децата работат во групи и поединечно за да ги откријат и истражат знаењата на светот и да го развијат својот максимален потенцијал.

Целата приказна на Фактор.мк