Македонката Марика Шутиновска, еден од најдобарите возачи на „Убер“ во светот

Македонка од Окленд е еден од најдобрите возачи на Убер во светот. Марика Шутиновска, 69-годишна жена има 16.400 патувања со Убер и до нејзиното име има оценка со пет ѕвездички од компанијата за споделување на возење.

Оваа пензионерка вози 13 години, од кои осум за Убер. Иако во последниве години, Убер беше предмет на правна расправија за тоа што претставува вработен и компанијата беше критикувана за кратење на заработката на возачите, сепак, има и добри приказни поврзани со неа.

Шутиновска сака да вози како хоби за да е зафатена и надвор од дома за време на нејзиното пензионирање. Таа вози од 7 до 14 часот околу планината Еден, објавува „Stuff“.

- Толку е добро да се биде малку надвор, инаку што би правел дома? Се расправам со мојот партнер? Вака се чувствувам многу убаво, толку е добро кога на луѓето им се допаѓаш и ти даваат добра ѕвезда - рече таа.

Црвената Тојота, која ја вози Шутиновска ја нарекува нејзин „најдобар пријател“, и појаснува дека најчесто пренесува патници кои од планината Еден патуваат кон градот, или ученици во училиште. Повеќе за приказната на Марика прочитајте на Фактор.мк