Македонски Телеком дел од акцијата „Час на планетата Земја“

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком и годинава ќе биде дел од најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“. На 24 март (сабота) во периодот од 20:30 до 21:30 часот компанијата ќе го исклучи осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје, со што ќе се испрати порака за спас на планетата Земја.

Со години наназад, климатските промени се еден од најсериозните проблеми на денешницата, па затоа Македонски Телеком традиционално е дел од глобалните иницијативи за климатски промени и одржлив развој, покажувајќи ја на тој начин не само својата општествена одговорност, туку и посветноста за заштита на човековата околина. Во таа насока, компанијата се стреми кон оддржливо општество за новите генерации, а во своето секојдневно работење постојано превзема мерки за подобрување на животната средина.

Годинава започнати се повеќе иницијативи во рамки на проектот „Тelekom Goes Green“ со кои Македонски Телеком се вклучува во борбата за чист воздух и здрава животна средина.  Возниот парк е збогатен со паметни велосипеди за здрави и корисни навики на вработените, како и со првото електрично возило, како чекор кон борбата против аерозагадувањето во главниот град.