Македонски Телеком ja има најдобрата мрежа во Македонија и во 2018 година
Македонски Телеком ја потврди својата позиција на оператор со најдобра мрежа во Македонија и во 2018 година. Резултатите се од независното тестирање на компанијата P3 Communications, која на Македонски Телеком му додели P3 „Best in Test“ сертификат –меѓународно признание за квалитетoт на мобилната мрежа.
„Мрежата е нашиот најголем адут и ова признание е потврда дека сме на вистинскиот пат. Ќе продолжиме со инвестиции, ќе продолжиме да вложуваме во најмоќната мрежна инфраструктура во земјава. Нашите амбиции се не само да овозможиме врвни услуги за корисниците туку да станеме лидер во дигитализацијата на општеството, процес што сè повеќе се наближува“ – истакна Никола Љушев, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.
Мерењето, спроведено во ноември годинава, потврди дека мобилната мрежа на Македонски Телеком ги има најдобрите резултати и за мобилен интернет и за говорни услуги. Оваа година, компанијата го достигна највисокиот резултат досега измерен во Македонија, со 907 од 1.000 можни поени, што покажува дека секоја година мрежата на Македонски Телеком станува сè подобра.
P3 сертификатот е широко прифатен како независен и репрезентативен резултат од тестирањето на мобилните мрежи, кој се базира на реална споредба на конкурентите на одреден пазар. Денес, со P3 методологијата се евалуираат повеќе од 200 мобилни мрежи во 75 земји во светот, што de-facto претставува стандард за компаративно мерење на корисничкото искуство, квалитетот и перформансите на мобилните мрежи.
Повеќе информации на: www.p3-group.com/en/macedonia