Бебе, едвај те чекаме: Пејачката Елена Миленковска и Гуте чекаат второ дете
Поп пејачката Елена Миленковска која пред две години се омажи за српскиот колега Александар Маринковиќ Гуте повторно е во блажена состојба.
Оваа среќна вест, македонката омажена во Србија, ја сподели со своите обожаватели на социјалната мрежа Инстаграм.
Инаку, Елена и Гуте веќе го имаат синчето Максим.
„Отсекогаш сонував за големо семејство, скромен дом исполнет со многу љубов. Затоа сум благодарна за овој подарок! Ќе станеме родители по втор пат, а Максо ќе добие братче или сестричка. Бебе, едвај те чекаме. Те сакаат мама, тато и бато“, напиша на својот Инстаграм.
Покрај објавата, Елена објави фотка на која силно го прегрнува сопругот, а во раце гордо го покажува резултатот од ехо прегледот кој е доказ за нејзината бременост.
И Елена и Гуте беа дел од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ под менторство на Ана Бекута.
Елена се сеќава на својата прва средба со Гуте, за која вели дека е судбинска. „ Се запознавме минатата година преку една наша заедничка пријателка. Таа договори заедничка проба на која работевме и се подготвувавме за музичкото шоу во кое учествувавме и двајцата. Се случи искра на прв поглед. Се дружевме шест месеци, а потоа стапивме во врска. Едноставно знаев дека тој е тој, од моментот кога прв пат го запознав, иако многу луѓе не верувааг во љубов на прв поглед. Јас верувам и во тоа а исто така верувам и во сродни души и знам дека јас ја пронајдов мојата“, раскажува Елена и вели дека ги сака сите особини на својот сопруг, а најмногу е вљубена во неговата добрина.