Мал викенд-одмор
Заспавме прегрнати. За
разлика од денот кога ме фати криза и плачев под тушот, ноќта ми помина лесно.
Обично беше обратно, но вечерва се чувствував како птица која го пронајде
своето гнездо. Уште беше темно кога ги отворив очите, а бев наспана, свежа и
задоволна и ги немав оние утрински главоболки кои ми се појавија откако сум
овде, в туѓина.
Станав полека и отидов во дневната соба. Го зедов мобилниот и се јавив кај моите. Во родниот крај беше попладне и сите беа дома. Мајка ми се израдува многу бидејќи бев весела. Таа веднаш ме препознаваше и ми велеше на крај од разговорот: „Не сакам да си тажна Вики. Знам каква си кога се радуваш. Овде, во родниот крај, секогаш се наоѓа твојот дом“.
Разговаравме и ѝ раскажав колку сум среќна и исполнета со манекенството, многу се израдува и ми кажа: „Вики, многу се радуваме сите. Покрај мене се татко ти и сестра ти. Секогаш имав чувство дека ќе успееш и ја имаш нашата поддршка што и да се случи. Поразговаравме уште некое време и на крај ми рече: „Те гушкаме и те бакнуваме. Едвај чекаме да те видиме“.
Ми идеше да летнам од радост бидејќи моите ги расположив. Се вратив в кревет. Во меѓувреме Габриел се разбудил и којзнае што сонувал. Јас легнувајќи се доближив до него. Тој почна задоволно да се смее и ми рече: „Вики, знаеш дека ми недостасуваш и в кревет. Откако те запознав тебе, мене ми се промени животот. Дури кога бевме на забава под маски воопшто не уживав ниту, пак, ми беше интересно. Само со тебе можам да водам љубов“.
Се изненадив кога ги слушнав овие негови искрени зборови кои ми делуваа многу смирувачки и ми ја хранеа душата. Можеби еден дел од мене го сакаше Габриел поради тоа што е сопственик на агенцијата, но во споредба со Стив беше вистински џентлмен. Умееше жените да ги милува, гушка, љуби, обожава, почитува на свој начин и да им искажува љубов.
Го прегрнав и го гушнав и почнав да го бакнувам. Ми возврати со многу нежност. Со јазикот ми го лижеше вратот, и потоа продолжи по рамената. Јазикот му гореше и ми предизвикуваше трпки по целото тело. Беше возбуден и почнав да го фаќам по неговиот тврд орган кој почна да расте под моите вешти раце. Тој стрпливо стенкаше додека јас го милував. Рипна. Не носев танга и ми ги рашири нозете нежно и продолжи да ми ги лиже колковите одејќи кон мојата слатка пичка. Јазикот го стави до крај и јас навистина уживав.
Ме префрли врз него. Се качив и ги раширив нозете колку што можев. Нашите споени тела се движеа по една ритмика која ја наметнуваше Габриел бидејќи ме имаше фатено за колковите и ме набиваше во воздух. Не издржавме долго време. Почнав да свршувам. По мене и Габриел. Неговата топла сперма навлезе длабоко во мене. „Ах Вики, каква страст и оган имаш во себе. Палиш сè околу тебе. Почнувајќи со твојот поглед, ме возбудуваш премногу, ми доаѓа да ставам крилја и да летам, летам, високо. Сакам да си среќна и да уживаш во секој миг поминат со мене. Малку е да ти го подарам светот. Ти си моја муза, мој водич, мој светоглед“, ги изговараше овие отмени зборови додека свршуваше. Јас, пак, му одговорив: „Шшшт, Габриел не би сакала ништо да го наруши нашиот мир“.
Лежевме долго, не помрднувајќи се. Мислев дека ако се мрднам ќе исчезне оваа еротска магија, овој ѕвезден мир кој ме смируваше и ми се всади длабоко во душата.
Веќе беше секојдневна навика, станавме, се истуширавме и појадувавме в соба. Додека јадевме полека, Габриел ми кажа: „Вики, сите учесници на пробите се задоволни од тебе. Имаме идната недела два дена снимање костими за капење на море. Ќе се вратиме и ќе продолжиме со оваа модна ревија. Професијата манекен или фотомодел е тешка, но изгледа ти си создадена за оваа работа. Само продолжи, ќе видиш каква слава ќе имаш. Тоа го претчувствувам. Ќе ти се зголеми бонусот штом ќе станеш популарна и заработката ќе ти се качи енормно“.
Многу ми беше мило кога ги слушнав овие охрабрувачки зборови. Навистина се трудев и во душата бев задоволна.
Мобилниот ми заѕвони. Видов дека е Стив и му се јавив. „Здраво мила Вики“, ми рече и продолжи: „Те чекав да се јавиш“, и во право беше бидејќи изумив да се јавам. Стив додаде: „Да ти кажам дека денес ме пуштаат дома и дека ќе одам во бања. Јас водам битка за мојот живот, а ти сакаш да станеш манекенка. Но, за ова ќе разговараме кога ќе дојдеш. Викендов да си дојдеш!“
Не сакав да влегувам во расправија и му одговорив кусо: „Ќе си дојдам ако немам ангажмани“, потоа го затворив мобилниот и тргнавме на проба.
Цел ден помина во трчаници, проби, а така беше и останатите денови. Викендот бев слободна и отидов дома да го видам Стив. Ме влечеше да го видам како обичен пријател, ништо повеќе. Партнер никогаш повеќе не можам ни да замислам да бидам со него. Во мојот иден живот нема место за Стив. Одамна завршив со него, само ми требаше време да си признаам во себе. Мислите ми беа во Габриел. Без обѕир на многуте разлики помеѓу нас, тој е достоен мој партнер кој умее да се однесува да ме почитува и да ми искажува љубов, а тоа ми ја хранеше душата.
По пат се плашев Стив да не направи сцена, но кога влегов дома имаше гости и беше расположен. Кога ме виде му светна лицето, беше радосен што си дојдов. Кире и брат му беа со него и кажуваа дека ангажирале адвокат и дека наскоро ќе почне судењето, а се јавиле и други сведоци против дилерите. Леа се освестила и била подобра и со брат ѝ и снаа ѝ заминале во родниот крај. Овие вести навистина ме расположија.
Стив ќе оди в бања вечер или утре поради судењето бидејќи е главен сведок. Луѓето од бањата ги информирале од Обвинителството поради специфичното судење и ветиле дека ќе му обезбедат место. Мама Елена ме повика да му ги подготвиме куферите.
Ручавме сите заедно со гостите во пријатна атмосфера. Се јавија попладнето од бања и Стив замина со Кире. Јас останав до недела попладне, се одморив и ѝ раскажував на мама Елена за моите проби. Потоа си заминав. Кога стасав во хотелот, Габриел ми се јави и ми рече дека не може да дојде бидејќи имал работа и дека утре наутро ќе се видиме. Овие два дена се одморив и собрав сила за следните денови. Вечерта си го подготвив куферот, гледав телевизија и си легнав. Со овој мал викенд-одмор си ја вратив енергијата и бев подготвена за снимање.
ТУЃИНКА