Позитив на денот: Малата Дарија на својот прв официјален преглед во Клиничка болница Аџибадем Систина!

Добивај вести на Viber

Пријатели, овој мал борец во изминатиот месец неуморно и секојдневно ни ја покажуваше вољата за живот, родена во 31-вата гестациска недела, како првородено дете на мама Александра и тато Мартин  тежеше 1.680грама. Како и секое предвреме родено дете, така и на Дарија неопходна и беше медицинската потпора, да се преброди кризниот период. Уште од самиот почеток недвојбено покажуваше дека е борец, самостојно вдишувајќи го секој момент од за неа НОВИОТ ЖИВОТ во првите два дена.  Со секоја нејзина гестикулација не учеше на тоа што всушност претставува вистинска одлучност да се живее!! Таа заедно со тимот на неуморни, и исклучително посветени доктори од Аџибадем Систина ги водеше сите битки кои живот значеа. Поддршката и финансиското ослеснување е на сметка на Фондацијата Илија Камчев, која без двоумење и со огромно задоволство го поддржа престојот на малата Дарија со плаќање на половина од сумата (481.421,00 денари)

Денеска сите заедно се радуваме и говориме за заеднички постигнатиот успех.

Дарија тимот на Аџибадем Систина, и тимот на Фондацијата Илија Камчев, ти посакуваат многу здравје, и среќно и безгрижно детство