Животна училница // Приказни
Малата Натали наполни 4 години: Наталија Грубовиќ згодна мама на роденденот на својата ќерка (ФОТО)
Некогашната бинго-девојка и познатата манекенка Наталија Грубовиќ со текот на годините се чини е се поубава.
Згодната мајка, некогашната бинго-девојка и познатата манекенка со семејството го прослави роденденот на ќерката.
За таа пригода, Натали ја дотерала ќерката во фустанче со светки, и сребренкасти сандали, додека за себе избрала фустан во анимал принт.
Наталија Грубовиќ, на Инстаграм сподели фотографија од неа, нејзиниот сопруг и нејзината ќерка, на која позираат а до нив се гледа роденденската свеќичка на тортата.
Наталија и нејзиниот сопруг, бизнисменот Дрен Глушац, ја организираа роденденската забава во познат ресторан во Нови Сад. На роденденот, освен нивните пријатели, беше и семејството на Наталија од Скопје.