Мали рачиња со големи срца: Детската градинка Пиколини со хуманитарна акција за донација на облека

Добивај вести на Viber

Детската градинка Пиколини како општествено одговорна компанија се вклучи во хуманитарна акција за донација на облека на деца од рурални средини во Македонија. Акцијата под мотото „Мали рачиња со големи срца“,  започна од среда 24.10.2018 година и траеше една недела. Беа повикани сите оние кои имааат облека за донирање да ја донесат  во градинката  Пиколини. Во холот беше поставен пакет украсен од дечињата и пораки до нивните непознати другарчиња кои ќе ја носат нивната облека.

- Имено, идејата ни е самите дечиња да ги научиме на хуманиот момент на споделување. Тоа е исконски порив со кој се раѓаме и само со негување на тој порив прераснуваме во луѓе со хумано срце. Со радост ќе ја пренесеме убавата енергија и спомените кои се вткаени во облеката, со надеж дека ќе бидат оживеани кај нашите непознати другарчиња. Приказната за малите рачиња со големи срца продолжува- изјави Сара Сековска, координатор на градинката.

Градинката Пиколини изразува и голема благодарност за соработката и поддршката од компанијата за архивирање ИНБОХ, која несебично се вклучи и помогна во хуманитарната акција.