МАЛИ ТИКОВИ КОИ ЈА ОДРЖУВААТ ВИТКА: Диетни правила на Џенифер Анистон

Добивај вести на Viber

Не е тајна дека Џенифер Анистон се храни здраво и поради тоа и изгледа толку добро. Таа сака најмногу италијанска кујна.

Многу сака да готви а во едно интервју дури откри дека јаде немасно пилешко и го подготвува без масло .

Кога пречекува гости, обично подготвува зеленчукови лазањи. Наместо тесто за лазањи, користи домати, а помеѓу става тиквици и сирење. Во  нејзиниот фрижидер најчесто може да се пронајде суров зеленчук, тврдо готвени јајца, салата и многу извори на протеини како пилешко.


„Не дозволувам моите здрави прехрамбени навики да излезат од контрола. Мојата филозофија е да јадам здраво огранско овошје и зеленчук и го исфрлам шеќерот. Не сакам јаглехидрати и се обидувам да го исфрлам белиот скроб од исхраната што е повеќе можно но ако не морам, со оброците не јадам леб“, вели актерката која неодамна се разведе од Џастин Теру.


Таа пред некое време призна дека била на грејпфрут диета и дека таа диета доста и влијаела. Грејпот влијае како катализатор кој го забрзува топењето на маснотии во организмот па не чуди дека по оваа диета посегнала Џенифер кога посакала да изгуби неколку килограми.