Малку бизарно семејство: Близнаците се само три години помлади од нивната мајка, вака настанала оваа незамислива сцена

Добивај вести на Viber

Од 30 години стари замрзнати ембриони се родени близнаци, чија мајка е само три години постара од нив

Мајката на шест деца Рејчел Риџвеј роди близнаци кои првично беа замрзнати во лабораторија во април 1992-ра година. Сега се верува дека овие деца го држат рекордот за најдолго време замрзнати ембриони за кои е познато дека резултирале со живо раѓање.

Претходно тоа беше девојка родена во 2017-та година по име Моли Гибсон, која беше ембрион цели 24 години. Ако сето тоа звучи малку збунувачки, не грижете се, еве како Рејчел и нејзиниот сопруг Филип ја објаснија бизарната ситуација.

Двојката забременила три децении откако ембрионите првпат биле замрзнати во Националниот центар за донација на ембриони. Биолошките родители на близнаците, кои останаа анонимни, ги донираа своите преостанати ембриони во центарот откако поминаа низ циклус на ин витро оплодување (ИВФ).

Доста бизарна ситуација

Рејчел, која сега има 34 години, ги родила Тимоти и Лидија минатата година (31 октомври). „Сум имал само пет години кога Бог им дал живот на овие ембриони“, изјави Филип минатата година за „Инсајдер“.

Таткото ја опиша целата ситуација како „неверојатна“ работа за која треба да се размислува: „Скоро сите со кои разговаравме имаат проблем со тоа“. Двојката го дочека своето четврто дете во 2020-та година, а набргу потоа решија да посвојат замрзнат ембрион за да зачнат уште едно дете.

Процесот започна во декември 2021-ва година кога Рејчел и Филип ги избраа своите замрзнати ембриони од одделот за „посебно внимание“ во лабораторијата.


Храбра одлука

„Овие ембриони често се занемаруваат затоа што биле донирани од родители кои имале позната историја на одредени генетски нарушувања. Откривме дека овие деца ретко се гледаат бидејќи многу родители кои влегуваат во процесот се прашуваат што би можеле да имаат. Не ни беше важно дали се сметаат за совршени или не“, рече Рејчел.

Иако родителите знаеле дека биолошкиот татко на близнаците има АЛС и тоа може да предизвика генетско нарушување кај бебињата, тие рекоа дека „не им е грижа“.

„Нашите планови за близнаците се да се погрижиме нивното посвојување да биде дел од нивната приказна“, рече Рејчел. „Сакаме да ги задржиме како нормален дел од нивниот живот.

Извор: klik.hr