Малку познат факт во Македонија: Недвижностите предизвикуваат приближно 40% од глобалните емисии на јаглерод, што ги прави клучен приоритет во трката за ублажување на климатската криза – а со тоа и клучен приоритет во идните инвестиции.
Во ЕУ и САД, не само што се зборува на темата туку има и точно утврдени
законски рамки и рокови, како и начини за имплементација на мерки за заштита на
животната средина, социјалнa одговорност и етички норми и стандарди при градење
како и водење бизнисот во секторот на недвижности.
Да поедноставам и прилагодам до читателите, тоа на пример би значело градење на зелени гради, и тука не мислам само на резиденцијални туку сите видови на недвижен имот како хотели, бизнис згради, трговски центри, логистички и објекти за лесна индустрија. Концептот на зелени згради има за цел сеопфатно да го минимизира негативното влијание и да го максимизира позитивното влијание што една зграда го има врз средината и жителите. Во дизајнирањето и изградбата тоа се постигнува со: енергетска ефикасност- современи системи за греење и ладење кои трошат помалку енергија, фасадни решенија кои имаат поголема изолација, користење на обновливи извори на енергија, до наједноставни решенија како сензори; заштеда на вода; избор на материјали – денес истите јасно се облежани со сертификати дали се енергетско ефикаснии; и квалитет на затворениот простор – како што се квалитетот на воздухот, топлинската удобност, осветлувањето, акустиката и ергономијата.
Како FOROTNMKA https://www.forton.mk/, партнер на Cushman & Wakefield https://www.cushmanwakefield.com/en една од најголемите компании во светот за консултантски услуги за комерцијален недвижен имот работиме на неколку начини како да придонесеме кон Зелената Агенда.
Прво, ги поттикнуваме и советуваме инвеститорите при изградба на било каков
комерцијален имот задолжително да се применат некои од стандардите за
сертификација за зелени згради. Зошто ова е од исклучителна важност? Банките на
среден рок нема повеќе да одобруваат финансирање на проекти кои немаат
соодеветна зелена сертификација, и кои немаат агенда за примена на ESG стандардите. Нашата советодавна улога е
што помагаме на клиентите, нивните планирани инвестиции во комерцијален
недвижен имот да се целосно “bankable”, т.е. прифатливи за банките за проектно финансирање.Постојат повеќе
акредитирани меѓународни сертификации, и зато со клиентите заедно избираме по
кој би се работело, зависно од видот на имотот, дали е во фаза на планирање или
е веќе изграден. Имајте во предвид дека
не зборуваме за некоја далечна иднина, ова веќе е реалност. На пример во Македонија застапништвата на неколку
меѓународни компании веќе имаат јасни насоки дека канцеларискиот простор мора
да им биде во зелена сертифицирана зграда.
Исто така лидери сме на пазарот во водење на трансакции за продажба на земјишта за изградба на соларни или ветерни централи. Секако дел од Зелена агенда е и инвестиции во обновливи извори на енергија, а може и приоритет следниот период. Во последните 18 месеци ФОРТОНМКА, успешно водеше и заврши транскации за продажба на земјиште за изградба на соларни паркови во вкупна моќност од 220Mwh. Истите се очекува до крајот на 2024 година и да почнат да призведуваат струја.
Морам да нагласам дека инвеститорите се инситуционални (значи големи компании, со докажана репутација), кои не бараат никаква помош или субвенции од државни органи, ова се сосема business-to-business транскации. Како компанија секогаш се обидуваме да го презентираме потенцијалот и реалните можности на Македонија за инвестиции во обновливи извори на енергија, и одржуваме активен контакт со најзначајните компании од овој сектор со цел следни инвестиции, и придонес кон зелена подобра иднина.
Олга Дервенџи
Business Development Manager
Forton MKA