Мало пијано и статуа на бел ангел оставаат без здив: Ѕирнете во семејната куќа на Александра Пријовиќ и Филип

Добивај вести на Viber

Како од бајките

Популарната двојка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ со години се во хармонична врска која ја крунисаа со брак, а потоа ја комплетираа со синот Александар.

Тие двајца пред извесно време купиле имот во Бежанија за кој според медиумите платиле неверојатни 500.000 евра.

Откако решиле дека тоа ќе биде нивни дом, решиле да го уредат токму по нивен вкус, внимавајќи се во него да одговара и на нивниот син.

Во домот на познатата пејачка се‘ пука од луксуз, а покрај тоа што се‘ е како од најубав сон, Александра на социјалните мрежи ретко го покажува својот дом.

Таа се обидува да ги заштити интимните делови од љубопитните погледи, но неколку пати нејзиниот сопруг Филип ја сподели атмосферата од нивната куќа, па имавме можност да видиме детали кои сите ги оставија без здив.

Најмногу внимание привлече прекрасното мало пијано, на кое стои статуата на прекрасниот бел ангел, а малиот Александар ужива додека седи и ги притиска копчињата на овој музички инструмент.

Мебелот е многу луксузен, претежно бел, избран да обезбеди максимална удобност на сите членови на семејството. Дебелите сиви драперии даваат посебен шмек на елеганција и прават сè да изгледа како сон.

Иако има многу обврски, Александра се труди што повеќе време да поминува во својот дом, со Филип и Алексанар. Во оваа прекрасна средина создаваат нови спомени и уживаат секогаш кога ќе им се укаже прилика.


Фото: Инстаграм/