„Мамо, зошто јас немам брат или сестра?“ Илда Шаулиќ за загубата на бебето и неостварената желба да има повеќе деца
Познатата пејачка Илда Шаулиќ ги откри своите најдлабоки чувства и отворено проговори за губењето на бебето во третиот месец од бременоста.
Ќерката на српскиот познат пејач Шабан Шаулиќ, Илда Шаулиќ, како гостин во емсијата на Славица Ѓукиќ Дејановиќ отворено проговори за загубата на бебето и со таа изјава предизвика вистинска лавина од емоции во студиото.
Илда во оваа прилика се потсети каков бил самиот почеток на бременоста и колку ѝ било тешко што сето тоа завршило речиси пред да започне.
- За жал, не успеавме на Ема да ѝ подариме брат или сестра. Всушност, тогаш почна короната, јас добив корона и имав екстремно благи симптоми, но веќе беше почеток на третиот месец од бременоста, се чувствував добро, но не можев да одам на лекар, на преглед. Тие три, четири недели што бев дома, тогаш требаше да се види дали срцето почнало да работи... Но кога отидов на тој преглед, го немаше. Едноставно требаше да се прекине бременоста, всушност штотуку самата се прекинала... Е сега дали ја припишуваме на корона вирусот или е така како што требало да биде... - вели Илда Шаулиќ и продолжува:
- Генерално, жалам што немам повеќе деца бидејќи е многу убаво да се има брат и сестра и знам колку е прекрасно и немерливо во животот. Ема е дете кое многу ги сака братучедите во семејството и колку пати има кажано: „Мамо, зошто јас немам брат или сестра“. Навистина би сакале, но повторно, свесна сум за мојата возраст и време и сè. Важно ми е да бидам присутна во животот на моето дете и да сум покрај неа кога ќе ѝ требам најмногу, здрава и права. Сè е судбина и ништо не можеме да направиме со сила - искрено изјави Илда.
- Нашите животи се потранспарентни отколку што би сакале, нема тајни. Нашето семејство е сè уште тоа што е, четворка без кормило, но ние продолжуваме понатаму. Цело време го сонувам, тоа се интимни соништа, секој што изгубил некого има такви ноќи кога му се појавуваат луѓе кои им го одбележале животот - изјави таа.
извор:GLOSSY
Роденденот на Илда Шаулиќ долго ќе се памети: Изненадување од сопругот, познати гости, елеганција, торта на два ката...
Ни сестра ми ниту јас не можевме да ги слушаме неговите песни: Илда Шаулиќ емотивно за татко си Шабан