Манекенката Шанел Иман се омажи за играчот на НФЛ Стерлинг Шепард

Моделот на Викторија Сикрет, Шанел Иман се омажи за ѕвезда на Њујорк Џајантси, Старлинг Шепард.

Page Six потврди дека младиот пар склучил брак пред семејството и пријателите во хотелот Беверли Хилс во Лос Анџелес. На прославата присуствувале и јавни личности.

Социјалните мрежи открија дека пријателката на Иман, Јордан Дан, била кума на свадбата, а кум бил Одел Бекам.

За свадбата, Иман облече фустан со боја на слонова коска, додека пак Шепард се одлучи за класичен костим.