Маникир не користам, си ги грицкам ноктите: Пред огледало со Снеже Велков

Добивај вести на Viber

Водителката Снеже Велков важи за дама со стил и супер позитивна енергија. Пред огледалото на Женски Магазин ги открива своите ритуали за убавина.

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Се почнува со миење на лицето со ладна вода ако треба брзо да излезам за да ги ублажам симптомите од спиење правам брза циркулација на лицето со коцка мраз или пак со лажица која сум ја ставила во замрзнувачот...Истата  тактика со лажица ја правам и на очите за побрзо да ги елиминирам подочниците..

Туширање најизменично со топла па ладна вода...Хидратантна крема за лице хидратантен лосион за тело свеж и неодолив парфем и подготвена сум да влезам во рингот на денот кој ме очекува.

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Јас сум од оние чија генетика направила така да немам некое „захтевно“ или проблематично лице, кожата ми е претежно сува па не е склона кон задржување на маснотии ширење пори или создавање на мозолчиња освен во „оние денови“. Верувам дека тука своја улога си одиграл и начинот на исхрана како и престојот на воздух. Па така ставање на хидратантна крема на сабајле и навечер за сега е доволно за да ми ја одржи еластичноста на кожата. Знам да си направам сама пилинг на лицето посебно ако сум имала на себе некоја потешка шминка на себе заради некој ангажман.

* Посетувате ли козметички салони?

- Козметички салон најчесто посетувам кога имам потреба од педикир и тоа е најчестата услуга која ја користам. Сметам дека средните стопала и излакираните нокти се нешто на што секоја жена треба да внимава. Барем мене чувството ми е некако поубаво кога погледот ќе ми отиде на стапалата а тие се прекрасно средени. Одличната можност со долготрајните лакови или гел техниката е супер за на плажа и кога сте боси а да не се плашите дека ќе ви се изгребе лакот.

Маникир не користам-си ги грицкам ноктите. Не е за фалење ама ете не можам да се одвикнам.

Чистење на лице еднаш до два пати годишно.

Заради светлото ден и русите веѓи и трепки кои ги имам знам понекогаш да ја применам техниката на боење на истите за да ми биде полесно да не употребувам маскара или моливче за веѓи...

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- Имам докторки за коса и апсолутно ништо не правам сама. Ако викаат дека костата е круната на главата на една жена не би дозволила јас со моето незнаење, експериментирање да си ја упропастам истата. Нега, средување, потхранување шишање се ми прават девојките од „Вип“ студиото. А јас она што го правам е да ги слушам нивните совети. Да не ја горам косата со пегла, со фигаро, да не ја чешлам агресивно кога е заплеткана и не Дај Боже да одлучам сама да се шатирам или фарбам. Косата ми е природно руса на која додавам нијансирани прамени

Значи советувам никако не го применувајте она: Ја гледав фризераката знам како малце ќе ги скратам шишките. Никако!

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Обично ако сум спиела малку или сум уморна тоа ми се познава на ликот со појава на подочници па најчесто нив ги прекривам или ако се појави некој несакано мозолче...А истакнувам очи најчесто или пак устата со црвен кармин.

Имам едно правило: Црвен кармин на уста одлично прикрива главоволка.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

- Хидратантни креми и за лице и за тело. Пилиг исто и за лице и тело. Антицелулитен гел за критичните места и многу хидратантна и масна крема за стопалата. Едноставни производи кои за сега ми се сосема доволни.

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Дезинфекционо средство, крема за раце, ДВЕ маскари: Една за згустување друга за изадолжување на трепките, молив за очи, моливче за веѓи и два кармина еден црвен и еден „нуд“. И секако огледалце.

* Омилен парфем?

- „Kenzo World“…неколку години по ред ги користам парфемите на Кензо. Засега ми одговраат.

* Како ја одржувате линијата?

- Вежбање секојдневно. Соодветна балансирана исхрана. Смеење за стомачни, трчање по соништата за витка линија.

Д.Караташова