Марија Груевска на свадба повикала 600 луѓе, ќе се слави 3 дена: Пејачката откри дека ќе има многу ѕвезди од „Гранд“
Веридбата ја направи во кругот на најблиските, но судбоносното „да“ ќе го изговори пред 600 гости...
Една од најекстравагантните натпреварувачки кои „поминаа“ низ „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска, наскоро ќе „застане на лудиот камен“ и ќе го изговори судбоносното „да“ на долгогодишното момче Синиша Стојаноски. Двојката веридба направи уште пред неколку месеци, но само во кругот на најблиските.
Меѓутоа, на венчавката планираат да повикаат 600 луѓе, меѓу кои ќе има и многу колеги на Марија.
„Свадбата ќе биде во средината на август, на отворено кај еден манастир во близина на Битола. Синиша и јас очекуваме околу 600 гости, а прославата ќе трае 3 дена“ - истакна таа за „Grand online“, а потоа додаде дека ќе даде сѐ од себе тие денови на сите да им останат во најдобро сеќавање.
„Ги повикав сите оние со кои се натпреварував и уште десетина од страна кои се мои големи пријатели, а кои исто така беа во „Ѕвездите на Гранд“. Се надевам и тие ќе се фатат за микрофонот, покрај главниот бенд кој ќе биде задолжен за веселбата, а тоа е „Молика јиниор“, кои исто така се мои големи другари“.
Кога е венчаницата во прашање, Марија мудро молчи.
„Што се однесува до венчаницата и фустанот не би сакала да откривам, ќе видите кога ќе дојдете“.
Кога се деновите определени за славење, Марија за српскиот медиум истакна:
„Нема да ги орграничуваме луѓето на тие три дена. Ако бидат неуморни, веселбата ќе ја продолжиме и во понеделник. Колку ќе се идржи. Не се мажам секој ден“.
фото: Принтскрин / Инстаграм