Се вери Марија Груевска: Пејачката со највпечатливи настапи ја објави среќната вест

Добивај вести на Viber

Битолчанката публиката ја памети по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Во ова музичко шоу, настапиле бројни учесници и ретко кога некој би можел да ја изненади јавноста со нешто сосема различно или да ги шокира членовите на жири комисијата, но нашата учесничка Марија Груевска токму тоа го направи. 

Груевска уште од самиот почеток на учество во ова шоу, ја имаше титулата за најекстравагантен учесник. Во истото се појави на сцената со змија околу половината, и со ореол на главата, облечена како калуѓерка на кој настап ја соблече униформата и остана во необичен син костум, додека на главата носеше метална перика. Но не е само ова шоу. Фановите се сеќаваат на нејзините настапи во Икс фактор и На иста адреса, како и Макфест. 

Она што е најново кај оваа навистина стилски различна музичарка е тоа што се вери со својот љубен Синиша Стојаноски.

Еве ја и првата фотогафија која ја објави од свршувачката. Честитки

Фото: Марија Груевска/ Фб профил