Марија Груевска со право ја носи титулата најекстравагантна учесничка во „Ѕвездите на Гранд“: Ги надмина сите очекувања со последниот настап

Добивај вести на Viber

Марија Груевска со право ја носи титулата најекстравагантна учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ досега.

Кандидатката од Битола не престанува да нè изненадува повторно и повторно со нејзините смели комбинации на облека и деталниот дизајн.

Последниот пат ја шокираше публиката и жирито кога се појави на сцена со змија, а оваа сабота повторно ги надмина сите очекувања, откако на сцената ја донесоа двајца момци, додека рацете и беа врзани околу инвалидската количка.

Филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ и Ханибал Лектор беа инспирација за нејзиниот сценски перформанс и песната „Денес сум луда“, што ги остави сите во студиото без текст.

FOTO: PRINTSCREEN

Maрија во неодамнешното интервју за Женски магазин зборуваше отворено за се, и откри интересни детали.

Прочитајте го интервјуто на линкот подолу:

Искрено со Марија Груевска: Од калуѓерка до опасна заводничка со змија-На сцената сум целосно ЈАС