Искрено со Марија Груевска: Од калуѓерка до опасна заводничка со змија-На сцената сум целосно ЈАС

Добивај вести на Viber

Втората емисија од шестиот круг на балканското музичко шоу Sвездите на Гранд, беше напната, турбулентна и полна со изненадувања.

Во ова музичко шоу, настапиле бројни учесници и ретко кога некој би можел да ја изненади јавноста со нешто сосема различно или да ги шокира членовите на жири комисијата, но нашата учесничка токму тоа го направи. На последниот настап за влез во четврт финалето, Марија Груевска се појави со змија околу половината, додека ја изведуваше песната Негатив од Тијана Дапчевиќ. Членовите на жирито беа шокирани додека го следеа нејзиниот настап и се согласија дека за ваков настап навистина треба храброст.

Груевска уште од самиот почеток на учество во ова шоу, ја има титулата за најекстравагантен учесник.

Во истото се појави на сцената и со ореол на главата, облечена како калуѓерка на кој настап ја соблече униформата и остана во необичен син костум, додека на главата носеше метална перика.


Секое нејзино појавување привлекува внимание и освен што ги освои сите со нејзиниот музички талент и глас, но и стас, нејзините комплетни сценски настапи и тоа како ги привлекоа симпатиите на целокупната јавност, па со нетрпение се чека секој нејзин следен настап. Нејзин ментор е Александар Милиќ-Мили.

Марија е битолчанка, која предизвикува ентузијазам кај жирито со своите костуми, но и со настапите. Фановите се сеќаваат на нејзините настапи во Икс фактор и На иста адреса, како и Макфест.


Помеѓу снимањата во Белград, патувањата во Скопје и Битола, разговаравме за учеството во ова шоу.

*Како дојде до идеја да се пријавиш на Sвездите на Гранд?

М.Г. - За сега Ѕвездите на гранд е единственото музичко шоу на кое еден пејач може да се обиде да излезе надвор од границите на Македонија и тоа беше првичниот мотив.

*Како дојде до соработката со твојот ментор и каква е истата?

 М.Г.-Мили беше тој кој првично даде зелено светло за настапи, а потоа сè се темели на лојалноста.

*Како ги избираш песните?

М.Г.-Изборот го правиме на заеднички средби. Слушаме сè што претходно секој член смета дека е добро и одговара за натпреварот, па разменуваме мислења и најчесто доаѓаме до финалниот резултат.

*Како тече еден ден на проба?

М.Г.-Пробите се секогаш строго професионални. Додека сме на проба максимално се посветуваме на проектот кој следи. 


*Твоите стајлинзи се дефинитивно едни од најубавите и највпечатливи сценски костими. Каква е соработката со дизајнерот, како ги бирате креациите?

М.Г.-Целосно им верувам на членовите од тимот. Златко Јовановски -Џеј зи џеј е пред сè човек со кој имаме долго и незаменливо пријателство и се знаеме одлично па многу добро знае со што јас можам да се носам. Неговите креации се секогаш производ на неговиот широк поглед кон уметноста и чест ми е што сум во тим во кој е токму и тој .

*Ти годи ли што те споредуваат со Бијонсе?

М.Г.--Ха ха .. не познавам некој на кој не би му годело. Секако се стремам кон тоа да оставам белег како Марија, но убаво е кога те споредуваат со светска ѕвезда која пред се е ГОЛЕМ работник.


*Какво е чувството да се биде на таа сцена?

М.Г.-Чувството е најубаво кога си некаде каде што си ТИ, ТИ. Баш така се чувствувам јас на сцената.  

*Имаш ли твој фаворит од шоуто?

М.Г.-Па, оваа година се сите одлични кандидати со тоа што имам повеќе фаворити.

*Со кого најчесто се дружиш од учесниците?

М.Г.-Пред сè од ова шоу сакам да изградам и задржам многу пријателства и имам супер контакт скоро со сите учесници , но ете можам да ја издвојам Зорја Пајиќ со која и констатиравме дека сме soul mades .


*Кој ти е најголема поддршка?

М.Г.-Најголема поддршка ми е моето семејство ,мојот дечко и секако членовите од тимот, Вангел Мажевски, Зоран Грујовски, Златко Јовановски.

*Колку ти значи музичкото образование?

М.Г.-Образованието секогаш ти дава да си еден чекор понапред. Мене особено бидејќи се градам како уметник-музичар, а не само како пејач.

*Како сакаш да го поминуваш слободното време зад камерите ?

М.Г.-Најмногу со семејството на нашата скромна терасичка, топло турско кафе и добра музика, потоа прошетки со моето момче и пријателите и со мојот професор Вангел Мажевски и член од тимот со музика ,свирење и пеење.

*Што да очекуваме на следниот настап?

М.Г.-Фантазијата на тимот.

Неда Маретиќ