Maрија направи спектакл во „Ѕвездите на Гранд“: Жирито и порача дека веднаш би ја ставиле министер за надворешни работи (ВИДЕО)

Синоќа натпреварувачката Марија Груевска ги воодушеви жирито и публиката со својот настап во „Ѕвездите на Гранд“.

Таа најпрво ја испеа песната од Адил „Верувај во нас“, додека на нејзините прсти на двете раце имаше свеќи кои гореа во текот на целиот перформанс.

Ова во еден момент го загрижи водителот Војо, кој искоментира „што ако целото студио се запали“.
View this post on Instagram

A post shared by ZVEZDE GRANDA (@zvezde_granda_2021_)


Мери не застана тука. Втората песна со која се претстави беше „Ќе останам слободна“ од Рибља Чорба, а на сцената се појави облечена како Статуа на слободата.

Груевска ги доби сите 6 гласа во полуфиналето и се пласираше во финалето на ова престижно натпреварување. Сепак, друга работа ги изненади жирито и публиката. На прашањето како ги смислува своите настапи, пејачката рече дека тоа го прави во договор со нејзиниот татко, кој е свештеник.

Целото видео од емисијата може да го погледнете подолу: