Марија Шерифовиќ ѝ го оствари животниот сон на девојка од Струмица: „Ти благодарам од сѐ срце“ (ВИДЕО)
Поп-ѕвездата Марија Шерифовиќ ѝ ја разубави вечерта на една девојка од Струмица кога ја качи на сцената заедно со неа да ја пее песната „Пола сунца“.
Имено, Марија Шерифовиќ ја отпеа својата песна „Пола сунца“ и во еден момент извади девојка од публиката да го отпее дуетот со неа.
Публиката била воодушевена кога ја слушнала девојката како пее, како и Марија која ја бодрела за време на настапот.
Девојката јавно и се заблагодари на Марија и додаде дека и го остварила сонот – да запее заедно со Марија Шерифовиќ.
- Мојот најголем сон се оствари. Марија, ти благодарам од сѐ срце, напиша девојката на видеото кое го објави на Тик ток.
Инаку, пејачот Матија Цвек, познат на тамошната јавност по дуетот „Пола сунца“ со Марија Шерифовиќ, се ожени и направи свадба за паметење.
Да потсетиме, Матија Цвек има 31 година. Роден е во Загреб, а непосредно пред дуетот со Марија сними и дует песна со Јелена. Во претходните три години објави два студиски албуми.
Фото: Принтскрин/ Тик токИзвор: Blic.rs