Mарија Шерифовиќ објави видео со синот кое топи срца: И вие ќе се стопите
Марија Шерифовиќ објави видео на кое се топи додека се гушка со синот.
Откако и се исполни најголемата животна желба, Марија Шерифовиќ не крие колку е среќна и не се одвојува од синот Марио. Марија е многу посветена мајка, а на Инстаграм споделува видеа и фотографии со своето бебе и секогаш кога ги разнежнува своите следбеници.
Пејачката сега сподели видео од семејниот дом во кое му ги бакнува стапалата на своето момче, додека таа се топи и се гали со него, со краткиот натпис: „Ќе полудам“. Погледнете како изгледаше оваа нежна сцена:
Новопечената мајка неодамна откри дека нејзиниот син сака музика и дека често му пее, но и каква музика веќе преферира. „Се е во ред и се е под контрола, логистиката ми е силна страна и се е како што треба, се е во ред. Му пеам, од кога е роден сака гласна и брза музика, не сака бавна музика“, рече таа.
Марија неодамна проговори за сурогат мајката која ѝ помогнала да ги оствари нејзините соништа: „Пред да се одлучам за сурогат мајчинство, неколку пати се обидов да ја носам бременоста и не успеав, на мое големо жалење. Навистина не сакам јавно да ги објаснувам медицинските причини за тоа, но сурогат мајчинството конечно беше мојот единствен избор“.