Маријан Стојаноски по втор пат стана татко: Пред Нова година си доби синче

Последните неколку години се навистина среќни за пејачот Маријан Стојаноски. Тој во 2019-та година се вери со неговата избраничка, Наташа Каранџулоска. Летото во 2020-та се ожени, а истата година го доби и најубавиот подарок - му се роди ќерка, која го доби името Вероника.

И годинава за Маријан е среќна. Тој на социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека станал татко на уште едно детенце, му се родил син. Синот го доби името Петар.


- Добре дојде синко Петар - напиша тато Маријан.

Инаку, името Петар  има посебно значење - значи карпа или камен. Се верува дека оние кои го носат оваа име се цврсти и сериозни во своите намери кои водат до сигурен финансиски пат. 


Фото: Маријан Стојаноски-Фејсбук/архива на Женски магазин

Сѐ за сопругата: По повеќе од 10 години, Маријан Стојаноски повторно го запеја својот најголем хит