(ФОТО) Маријан Стојаноски стана татко: Име со посебно значење за бебето

Пејачот Маријан Стојаноски пред извесен период стапи во брак со Наташа Каранџулоска, која е од Охрид и објави дека наскоро ќе стане татко. 

Токму денес тој доби ќерка, а за убавата вест се пофали на својот Фејсбук профил.

- Добро ни дојде ќерко Вероника- напиша тазепечениот татко.


Значење на името Вероника е многу посебно и гласи „онаа која носи победа“.

Името влече грчко потекло од зборовите pherein - носи и nikê победа, некои сметаат дека има потекло од латинскиот збор vera - вистина и грчкиот eikon - слика.
Нека е здрава и жива!