Животна училница // Приказни
(ФОТО) Се вери Маријан Стојаноски, запознајте ја Наташа
- 16 Декември, 2019
Маријан Стојаноски се вери со својата долгогодишна девојка. Јавноста речиси и да не знае ништо за љубовта на познатиот пејач и хорист во Македонската опера и балет, освен дека нејзиното име е Наташа Каранџуловска.
Стојаноски кој долги години не е присутен на домашната естрада, пред точно една година глумеше во популарниот серијал „Вчерашни новости“. Во таа прилика ни раскажа за своето актерско искуство. Маријан лани настапи и на фестивалот „Макфест“, но се’ послабо е активен на поп-сцената.
- Немам време да снимам нова песна. Никако не се наоѓа, а имам во план - ни изјави тогаш пејачот.