Утринско кафе со Александар Трајковски: Ме мотивираат успешни луѓе, позитивната енергија и добра музика
Зависно од обврските денот ми започнува со утрински туш за расонување, а првото кафе најчесто го пијам со мојата сопруга.
Искрено кафето ме расонува и ми дава поголема концентрација, нормално пред или после кафето знам да се напијам и некој цеден сок или овошен шејк.
Секогаш сакам да биде во мала количина ( мала шолја ) на турско кафе или мало макијато со многу шекер.
Како што споменав често знам да се напијам цеден сок, смути и лажица- две мед.
Околу мотивацијата, ме мотивираат успешни луѓе, позитивната енергија, добра музика и моите најблиски.
Најчесто фокусот ми е околу музиката секојдневно, ако немам настап во текот на денот правиме проби со групата или сум во студио, каде што подготвувам нови песни, ора…
Омилениот дел од секоја вечер, доколку не сум на настап ми е да го минам во игра со моите дечиња.
Искрено не сум по читањето книги, можеби порано имав повеќе време да изгледам некој филм, а тоа денес е скоро невозможно со оглед на обврските и работата.
Му благодарам на Бога за сѐ што имам, е најчестата мисла со која го завршувам денот.
Александар Трајковски - Музичар