Утринско кафе со дизајнерот Филип Крстевски: Не ја кради инспирацијата, биди ти нечија инспирација
Секој нов ден е нова СРЕЌА. Се будам и првото нешто што правам е кафе со доза на шмек. Моето кафе е малку необично .
Ставам кафе, малку мед, малку млеко и неколку капки цеден портокал. Овој рецепт
го создадов сам бидеќи јас не сум јас ако конзумирам нешто што е стандардно.
Додека го пијам кафето инспирацијата ми оди преку раката со која творам на лист
хартија. Творам утрински модни скици кои само за неколку часа стануваат
реалност .
Рутината на утринско кафе е нешто што ме исполнува и е добар почеток на денот. Како и сите работи така и кафето има свој бенефит, дава енергија, која секако ми е повеќе од потребна, ако земеме предвид со каква професија се занимавам. Моето кафе е зачинето со неколку состојки како што веќе напоменав и има свој бенефит.
Моето прво утринско кафе го нарекувам моето утринско инспиративно кафенце. Инспиративно го нарекувам затоа што додека го пијам се инспирирам во делот на работните активности правење план и потполнување во текот на новиот прекрасен ден. И обврските кои нѐ чекаат во текот на денот.
Дополнителна енергија ми дава чаша полна витамини добро направено смути, притоа некоја утринска вежба со која што телото се опушта и ми дава енергија за исполнување на дневните обврски.
Мене реално ме мотивира сѐ што е со среќен крај. Исто така ме мотивираше кога ќе добиев убава оценка во текот на моите студии да се покажам во уште подобро светло. Од секогаш сум ја имал мотивацијата и инспирацијата во мене и од себе ја создавам сега. Не ја кради инспирацијата биди инспирација на некому тоа ми е клучниот збор.
Моите дневни планови вклучуваат креирање преку скицирање, но покрај тоа имам доста обврски и околу клиенти, нивните специфични барања, но доста време поминувам и со маркетинг кој секако е повеќе од потребен за да се промовираме како бренд.
По завршувањето на моите работни обврски често знам да се договорам со некои од моите драги ценети пријатели да излеземе на вечера или на некое слатко вино.
Искрено како мал многу читав и сакав книги, но сега повеќе сум љубител на филмовите и тоа комедија. Но, често ги посетувам и Кино Салите затоа што се чувствувам пријатно гледајќи на платно со пуканки во рака .
Се будам со тоа што сум благодарен пред сѐ што сум жив и здрав, а за крај на денот сум благодарен што сум остварил сѐ што е во моја можност, креативно и убаво.
*Филип Крстевски - дизајнер
Ирена Ставрова