Марта на овие фотки има 81 година: Никогаш немала пластични операции, а со децении следи 6 навики за нега на кожата

Добивај вести на Viber

Годините се само бројка, особено во денешниот свет, каде што има толку многу можности и начини за нега на кожата. За тоа сведочат многу познати жени, а меѓу нив е и познатата готвачка Марта Стјуарт која ги откри своите тајни за нега на лицето.

Марта има 81 година, а неодамна покажа фотографии од својата блескава кожа.

- Ова се трите селфи фотки што ги направив. Мојот израз на лице е најдобар на првата слика, но на сите три кожата изгледа одлично. Без филтер. Без лифтинг“, напиша таа под фотографиите на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Martha Stewart (@marthastewart48)



Таа инсистира дека стареењето не значи дека треба да водиме попасивен начин на живот, напротив, таа се движи и на тој начин одржува фантастична фигура.

- Одам на пилатес што повеќе пати неделно, не сакам да почнам да живеам лошо бидејќи стареам, рече таа.

View this post on Instagram

A post shared by Martha Stewart (@marthastewart48)



Освен што се храни здраво и вежба со децении, Марта следи и шест едноставни, но ефективни правила за да го зачува младешкиот изглед на својата кожа.

-Никогаш не оди да спие без да ја тргне целата шминка.



- Лицето го мие со бебешко масло, особено по снимањето емисии, кога има многу шминка на нејзиното лице.

-Нанесува маска за лице на кожата секое утро. Се буди околу 5 часот наутро и ја држи на лицето околу еден час.

View this post on Instagram

A post shared by Martha Stewart (@marthastewart48)



- Секој ден консумира зелен сок, кој сама го подготвува и верува дека тоа е тајната за здрава кожа и коса.

- Се заштитува од сонце и инсистира секој ден да носи крема за сончање, која ја меша со пудра.

- Ги намалува третманите за лице на минимум. Таа никогаш немала хемиски пилинг, а тврди дека никогаш не отишла под нож, пишува Index.hr.



ФОТО: Инстаграм/Профимедиа