МАШКИ МАГАЗИН го одбележа МО-ВЕМБЕР: Месецот на машки мустаќи официјално започна
МАШКИ МАГАЗИН го одбележа МО-ВЕМБЕР! Месецот на машки мустаќи Мо (анг. сленг) официјално започна.
Придружувајќи се кон борбата за машкото здравје, М Магазин заедно со голем број на пријателите и соработниците, намерници и поддржувачи, се собраа во четвртокот во кафулето Круг во центарот на Скопје и во добра атмосфера и забава го одбележаа Мовембар.
Mовембер е годишен настан кој вклучува растење на мустаќи во текот на месец ноември за да се подигне свеста за здравствените проблеми на мажите, како што се рак на простата, рак на тестисите и машко самоубиство, и за кои според статистиките, машкиот животен век е за 7 години пократок од кај жените. Во акцијата се придружи и Авицена лабораторија, компанија која врши таков вид анализи. Од таму поделија и ваучери за попуст, за гостите да можат во текот на овој месец да ги направат соодветните испитувања.
Проверките и навременото откривање на болестите кај мажите се едно од основните активности на Мовембер Фондацијата. Дел од приходите од вечерашниот промет ќе одат на сметка на Фондацијата Мовембер, како симболична поддршка од нас.
Grow a Mo, save a Bro.