Машко парче облека што ќе го преземат жените оваа пролет
Оваа сезона ѕирнете во машкиот гардеробер и осмелете се да го облечете парчето облека кој е најнов тренд.
Иако годинава, поради пандемијата како да е одложена, секогаш со нетрпение ја чекаме пролетта, бидејќи тоа е сезоната која ни ги носи првите зраци на сонцето, но неизбежно е дека понекогаш може да нè изненади со дождливи денови. Дефинитивно е преоден период кога можеме да комбинираме мноштво различна гардероба, а облеката што е моден тренд оваа сезона доаѓа од машкиот гардеробер.
Да бидеме искрени, колку пати сме облекле машка маица и добро сме ја искомбинирале со добри фармерки или здолниште? Модата ни ја дава слободата да играме со сите видови парчиња облека.
Сакоата се парчиња што ги обожаваме во последно време, од широки, до струкирани, во секакви бои и дезени. Оваа пролет ќе ги носиме оние што не ја откриваат нашата фигура, па слободно позајмете го од гардароберот на вашиот брат, дечко, сопруг.
Сако како оваа апсолутно доминира во “уличниот“ стил, и нема да погрешите, бидејќи тоа е вечна класика која никогаш нема да престане да биде тренд.