Маски на 30+ степени? Еве што ќе биде многу поудобно и поефикасно решение
Алтернатива на добро
познатите заштитни маски се дефинитивно пластичните штитови за лице, попознати
како Визири. Научниците сега велат дека можат да ги заменат
маските за лице за поудобно и ефикасно решение против пандемијата на коронавирус.
- Овие штитови за лице кои се произведуваат брзо, лесно и се економични треба да бидат вклучени во стратегијата за заштита. Безбедни се и можат да го намалат преносот на вируси во заедницата - велат научниците, предводени од проф. Ели Пренсевиќ од Универзитетот во Ајова, а резултатите од истражувањето беа објавени во Жрналот на Американското здружение на медицини.
Тие, исто така истакнуваат дека Центрите за контрола и превенција на болести во САД уште во април објавија дека маските од платно само делумно ги филтрираат вирусните честички во воздухот, поради што визирите за лице може да бидат подобра опција.
За да бидат целосно ефикасни во стопирањето на ширењето на вирусот, визирот треба да се протега под брадата, да ги покрива ушите и не треба да открива празнина помеѓу челото и горниот дел на штитот.
Предностите на визирите за лице со нашите маски, според мислењето на експертите, се од една страна дека тие можат да се користат повторно откако ќе се исчистат со сапун и вода или средство за дезинфекција и се поудобна опција од маска.
Покрај тоа, вообичаено е луѓето да ја тргнат маската за време на говорот, што е неопходно кога имаме визири.
- Употребата на визир е исто така добар начин да се одржи физичката оддалеченост, а истовремено да му се овозможи да се види лицето на оние со кои разговараме- истакнува професорот Ели Перенчевиќ.
Покрај тоа, визирите ја намалуваат директната изложеност на вирусот за дури 92 проценти дури и кога сте на оддалеченост од 45 см од лицето кое кашла.
Фото: Инстаграм