Маски на отворено не, ама на плажите мора дистанца: На одмор во Грција вакцинирани или негативни

Грција ги отвара границите за Македонија и како што беше потврдено веќе и од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис тоа ќе се случи на 14 мај. Македонците и Србите се едни од најбројните туристи во оваа земја, а северните соседи поминуваат низ Македонија за да влезат во Србија. Денеска директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (ЈУТА), Александар Сеничиќ, исто така соопшти дека Грција ќе дозволи влез во таа земја и дека ќе бидат прифатени сите сертификати за вакцинација, без оглед на тоа која вакцина е во прашање

Грција ги отвори своите граници на 19 април од Бугарија, а Сеничиќ за ТВ К1 изјави дека сè се одвива според планот и дека мерките се олеснуваат секој ден во Грција и дека туристичката сезона во Грција официјално ќе биде отворена на 14 мај.

Деталите читајте ги на Фактор тука.