МАСЛО ОД СУСАМ: Каков ефект има врз организмот?

Добивај вести на Viber

Од  Универзитетот Анамалаи во Индија докажаа дека маслото од сусам позитивно делува при хипертензија. 

Со истражувањето биле опфатени 328 лица со висок крвен притисок, кои обичното масло за готвење, во период од 60 дена, го замениле со масло од сусам.

По само три недели, се покажале првите позитивни резултати, а по завршетокот на контролниот период, се воспоставило дека и систолниот и дијастолниот крвен притисок кај испитаниците бил на ниво како кај лица кои никогаш не боледувале од хипертензија.

Истражувачите велат дека состојките на сусамот сезамол, лигнин и сезамин го намалуваат крвниот притисок, додека омега киселините од неговиот состав позитивно дејствуваат на кардиоваскуларниот систем.