МАТЕА: Значење на името и какви личности се оние кои го носат
Матеа/Матеја е име кое е женска форма од името Матеј.
Името Матеј е со еврејско потекло, а значењето на името е дар од Господа.
Името Матеја, во различни варијации, е популарно во сите словенски земји, но и во светот, па може да се „сретне“ и во Шпанија; Италија; Германија; Унгарија; Република Чешка; Романија; Литванија; како и во Данска; до Шведска; Естонија; Латвија; Холандија; Финска или Словачка и Полска.Какви личности се оние ои го носат името:
Горди и директни и сакаат да го живеат животот во потполност. Имаат потенцијал да постигнат големи работи, но мора да научат што значи трпение. Кога прават нешто, добро или лошо, можете да бидат сигурни дека нивните постапки нема да останат незабележани.
Анализа на името Матеа
М - вие сте паметни и успешни во деловниот свет
А - сакате да ги анализирате ситуациите во кои се наоѓате и сте познати како разумна личност
Т - тешко ви е да ги изразите чувствата, па понекогаш оставате впечаток на некомуникативна личност
Е - Можете да бидете тажни и среќни во исто време
Ј - ти си икона на инает. Сакате да поседувате сè што гледате - и во најголем дел успевате
А - сакате да ги анализирате ситуациите во кои се наоѓате и сте познати како разумна личност
Не сакате да бидете ограничени од ништо и од кој било. Бидејќи имате високи идеали, сте биле разочарани од луѓето во многу ситуации.
Името Матеа/ја ви даде чувствителност и благодарност за пофините и подлабоките работи во животот. Најголемиот недостаток во вашиот живот е стабилноста и мирот на умот. Кога сте фрустрирани или огорчени, вие сте многу критични и саркастични.
Уживате во читањето, учењето и размислувањето за многу различни теми. Тешко ви е да ги контролирате мислите и би можеле да го промените вашето расположение од една крајност во друга.
Мирната и тивка средина, особено во природа, е една од вашите најголеми желби, но некако постојано се наоѓате во хаотични услови. Не грижете се, се ќе си дојде на свое место.