Мажите имаат поголема корист од бракот отколку жените: Истражување покажа дека дамите се посреќни сами

Добивај вести на Viber

Жените се преоптоварени затоа што поминуваат повеќе време дома отколку мажите

Со влегувањето во брак, и мажот и жената отвораат ново поглавје во нивните животи.

Бракот бара одговорност, но и компромис.

Често има контроверзии околу одговорностите на мажите и жените во бракот, а често се расправа и за тоа кој дава повеќе во бракот.

Новите податоци покажуваат дека мажите имаат поголема корист од брачниот живот отколку жените.

Сигурно сте слушнале реченици како: „Ниту една жена не е комплетна ако не стане мајка“,  „Мора да најдете партнер, инаку нема да бидете среќни“...  Овие и слични фрази ги слушнале и постарите и помладите генерации, кои наводно ги отстраниле стереотипите од минатото. Резултатот е дека дури и жена која инаку би била задоволна со својот статус „single“ е исполнета со вознемиреност и чувство на вина.

Но, дали постои возрасна граница според која треба да „бидете во брак“ и да имате деца? И, воопшто, дали бракот и децата се единствениот пат до среќата?

Бракот сериозно го нарушува здравјето на жените

Д-р Венди Ел. Парк, во новиот натпис на популарниот сајт за психологија „Psichology Today“, одговара дека очигледно има многу среќни омажени дами (и многу среќни оженети мажи). Но, ние имаме тенденција да го игнорираме фактот дека има многу среќни невенчани луѓе, без разлика на полот. Односно, Пол Долан, експерт за бихејвиорални науки, смета дека слободните жени без деца се посреќни од сите други.

Долан додава дека бракот им користи повеќе на мажите отколку на жените, и ментално и физички. Оженетите мажи прифаќаат помалку ризичен, поздрав начин на живот и стануваат поефикасни на работа. Од друга страна, мажените жени, барем средовечните, се изложени на поголем ризик од ментални и физички нарушувања од нивните невенчани врсници.

Зошто може да се случи ова?

- Имаме докази дека жените се преоптоварени затоа што се посветени на домашните работи и поминуваат повеќе време дома отколку мажите, а исто така се посветени на работата и се изложени на емоционален товар - вели Емили Гранди, професорка на Универзитетот во Есекс.


Фото: unplash

Извор: 24седам