Ме мотивира насмевката, а понекогаш добар потез на сликарската четка: Утринско кафе со Кирил Пенушлиски

Наутро ме  буди аларм. Со оглед на тоа дека не пијам кафе, утрото го започнувам со сок од портокал и во тишина.

Овој месец имам многу работни обврски. Во тек се припремите за 18. Зимски салон на ДЛУМ што треба да се отвори на 03.02. во Чифте амам. Јас сум кураторот и селекторот на изложбата. Во исто време привршувам некои академски текстови за публикација и се плашам колку лоши семинарски работи ќе ми донесат моите студенти – кој ќе ги чита... Кон крајот на месецот имам и испитна сесија.

Многу нешта ме мотивираат. Понекогаш тоа е насмевката, понекогаш е текст со кој не се сложувам, понекогаш е добар потез на сликарската четка...

Ако сум излезен, денот ми завршува бурно со друштво, а ако останам дома тогаш со мачка или две во скут. Пред некоја година спасив маче што беше заглавено во мотор на Форд Фокус (Маре) и од тогаш е со мене. А Томислав, тоа е синот, како кученце ме прати по дома.

Секогаш заспивам со книга, но морам да признам дека филмот е мојата религија а француската Кинотека во Париз е главниот храм.

*Кирил Пенушлиски- историчар на уметност, професор по историја на уметност на ЕФТА во Скопје