Моден фокус // Трендови
МЕД И МЛЕКО: Совршен изглед на Џенифер Лопез во Лос Анџелес
Пред неколку дена Џенифер Лопез и нејзиниот партнер Алекс Родригез излегоа на вечера по повод католички Велигден.
Фоторепортерите го забележале познатиот пар покрај еден од најлуксузните ресторани во Западен Холивуд.
За средба со саканиот, пејачката избрала нежен пролетен стајлинг и изгледала прекрасно.
Џеј Ло носеше фустан во пастелна пинк боја, удобен капут во млечно бела нијанса и отворени сандали во иста боја.
Романтичниот изглед го дополнила со чанта во пудра розова нијанса.
Џенифер ги нагласила очите, додека мазната и сјајна коса ја врзала во конско опавче.
Алекс Родригез исто така излегал елегантно во плав костум, розева кошула и вратоврска.
Видно расположен ја дочекал својата дама, а папараците го нзабележале нивното ново појавување.