Меган и Хари повторно ја шокираа јавноста: Дали е можно и на тоа да помислиле?

Фото насловна: Profimedia

Меган Маркл и принцот Хари купија корисничко име за веб-страница наречена „Лили Дајана“, една недела пред да се роди нивната ќерка и пред да ја прашат кралицата Елизабета да ја именуваат својата ќерка по неа, т.е. нејзиниот прекар

Четири дена пред да се роди Лили, доменот LiliDiana.com беше регистриран во Калифорнија, а на 31 мај беше регистриран уште еден домен LilibetDiana.com.

Кога се роди неговата ќерка, Хари веднаш ја повика својата баба, кралицата Елизабета, за да праша дали може по нејзиниот прекар да ја крсти ќерка си.

„Неговата баба беше првиот член на семејството, кому се јави веднаш по раѓањето на неговата ќерка“, велат луѓе блиски до семејството, пренесува Дејли меил.

Парот ги регистрирал овие два домени и уште неколку секундарни, за да не бидат „окупирани“ од некој друг, а ако кралицата не одобрила употреба на нејзиното име, Хари и Меган ќе ја нарекувале својата ќерка поинаку, тврдат изворите.

Веста одекна во Велика Британија, само еден ден откако се очекува принцот Хари да се врати во својата татковина. Тој треба да остане во куќата што ја дели со принцезата Јуџин, сè до церемонијата на откривање на споменикот на неговата мајка Дајана.

На споменатиот настан тој треба да се сретне со принцот Вилијам, со кого не разговарал од погребот на принцот Вилијам.

Инаку, деновиве се зборува за голема тужба што Хари и Меган ја покренаа против новинарите на Би-Би-Си, поради обвинувањето дека на кралицата не и било побарано дозвола да го користат нејзинот прекар.


Можеби ќе ве интересира:

Како ќе изгледа Лилибет Дајана: Црна виткана коса на Меган и сини очи на принцот Хари

Ова се чекаше: Прво интервју на Меган Маркл по раѓањето на Лилибет Дијана