,

Ова се чекаше: Прво интервју на Меган Маркл по раѓањето на Лилибет Дијана

фото:printscreen

Меган Маркл имаше супер причина да се појави во интервју, за прв пат по раѓањето на ќеркичката Лилибет.
Иако таа молчеше од породувањето, јавноста чекаше Меган да проговори. Нејзиното прво обраќање до јавноста пристигна, но за жал не по повод раѓањето на нејзината ќерка. Имено, таа се појави во радио емисијата на НПР, Morning Edition Sunday на Денот на таткото.

На почетокот на овој месец, 39-годишната војвотка Меган Маркл и нејзиниот три години помлад сопруг, принцот Хари, добија девојче Лилибет Дијана. Парот веќе го има двегодишниот син Арчи и во минатото изјавија дека сакаат да имаат само две деца. 

Тема на интервјуто беше нејзината сликовница, која неодамна се најде во продажба. Обраќајќи ѝ се на новинарката Саманта Балабан со нејзиниот илустратор Кристијан Робинсон, Меган рече: „Арчи ја сака книгаа, Кристијан, не ти реков ... тој ја сака книгата, што е одлична затоа што е многу захтевен кога станува збор за книгите“ и додаде дека секој пат кога ќе ја прочитаат, Арчи бара сè од почеток.
„За мене е неверојатно што можам да му кажам дека мама го напиша тоа за него“, рече Меган која беше инспирирана од односот на нејзиниот син со Хари.

Меган образложи за книгата:
-Тоа е љубовна приказна. Навистина станува збор само за тоа да растете со некого со кого ќе ја имате таа длабока врска и поврзаност и оваа доверба. Значи, без разлика дали сте во добри или лоши моменти, знаете дека сте ја имале таа личност. Навистина се надевам дека луѓето можат да ја видат оваа книга како љубовна приказна што ја надминува приказната на моето семејство“, објасни таа.

Набргу по раѓањето на нејзината ќерка Лилибет, се дозна дека нејзиниот постар брат ја прифатил убаво, „Арчи апсолутно ја обожава својата мала сестра и ѝ дава многу бакнежи. Тој веќе ја држеше со помош на неговите родители. Тој е многу љубезно дете, полно со љубов и нема проблем со љубомора“, изјави извор близок до кралскиот пар за Us Weekly една недела по пристигнувањето на девојчето. 

Војводата и војвотката од Сасекс сега се целосно посветени на семејниот живот и сега сите други одговорности ќе ги стават во втор план.

извор:story.hr

Поврзани вести:

Како ќе изгледа Лилибет Дајана: Црна виткана коса на Меган и сини очи на принцот Хари

Ќерката на принцот Хари и Меган Маркл веќе има свој замок: Собата на малата Лилибет е како од бајка (ФОТО)

Како ќерката на Меган Маркл и Хари ќе ја промени историјата во кралското семејство: Експерт ги открива сите детали