Како ќерката на Меган Маркл и Хари ќе ја промени историјата во кралското семејство: Експерт ги открива сите детали

Првенствено, ќерката на Хари и Меган ќе биде посебна затоа што ќе биде првото кралско бебе кое не е родено во Велика Британија.

Поранешната актерка и војвотката од Сасекс Меган Маркл роди уште едно дете, девојче тешко 3 килограми и 220 грама, кое се вика Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатен-Виндзор, по прабабата Елизабет и покојната лејди Дијана.

Сепак, дури и пред раѓањето, странските медиуми пишуваа дека нивната ќерка ќе биде таа што ќе ја смени историјата на кралското семејство.

„Хари и Меган веќе влегоа во историјата заради се' што направија, а никој претходно во семејството не направил. Нивната ќерка најверојатно ќе тргне по тој пат и ќе ги сруши бариерите", изјави експерт за кралско семејство за странските медиуми.

Тој наведува дека е можно кралскиот пар да не ја избере титулата за своето мало девојче, исто како што не го сториле тоа кога се роди нивниот син Арчи. Странските медиуми пишуваат дека евентуално би можеле да ѝ ја дадат титулата „дама“.

Поради тоа и порано започнаа шпекулациите дека ќерката е можно да е крстена по Дијана за да можат да ѝ се обраќаат со Лејди Ди, како мајката на Хари.

Ќерката на Хари и Меган ќе биде посебна затоа што ќе биде и првото кралско бебе кое не е родено во Велика Британија. Бидејќи Меган е родена во Калифорнија, нивното мало девојче автоматски ќе стане американски државјанин. 

Сепак, дали малата Лилибет навистина ќе ја смени историјата, останува да видиме.

извор:wanted.mondo.rs

Пред многу години Меган подготвила подарок за Лилибет: Чист луксуз од 350.000 дeнари (ФОТО)

Кралицата Елизабета се запозна со новородената ќерка на Хари и Меган: Средбата се одвивала вака