Кралицата Елизабета се запозна со новородената ќерка на Хари и Меган: Средбата се одвивала вака

Фото: Инстаграм/sussexroyal

Принцот Хари и Меган Маркл ја запознаа својата ќерка со кралицата преку видео повик, тврдат извори од магазинот „Дејли меил“ и „Пипл“.

Војводата (36) и војвотката од Сасекс (39) станаа родители на девојче, Лилибет Лили Дајана, која се роди во петокот, 4 јуни, во 11:40 часот во болница во Калифорнија.

Откако Лилибет се придружи на нејзиниот брат Арчи, кој неодамна наполни две години, парот сега се подготвува за семеен живот од четворица. Извори за магазинот „Пипл“ изјавиле дека кралицата се запознала со својот истоименик во видео повик. „Тие беа возбудени и едвај чекаа да ја споделат веста за раѓањето на уште едно бебе“, велат упатените.

Веста за запознавањето на кралицата со нејзиниот 11 правнук доаѓа по гласините дека кралицата не е задоволна од изборот на име за детето на Хари и Меган.

Како што веќе напишавме, Лилибет е многу приватен прекар на англиската кралица. Така ја викал нејзиниот татко, кралот Џорџ кога била мало девојче, бидејќи не можела убаво да го изговори своето име, а потоа така ја нарекувал принцот Филип сè до нејзината смрт.


Можеби ќе ве интересира:

Пред многу години Меган подготвила подарок за Лилибет: Чист луксуз од 350.000 дeнари (ФОТО)

Ова се чекаше! Принцот Вилијам и Кејт се огласија по раѓањето на малата Лилибет - вака им честитаа на Хари и Меган