Пред многу години Меган подготвила подарок за Лилибет: Чист луксуз од 350.000 дeнари (ФОТО)

Меган Маркл и принцот Хари минатата недела го проширија семејството за уште еден член и станаа родители по втор пат, а девојчето го доби името Лилибет Дијана

Додека сите со нетрпение ја очекуваа Лилибет, Меган веќе подолго време имала подготвено подарок за неа. Се работи за парче скапоцен накит, а сепак непроценлив во емотивна смисла.

Станува збор за луксузен модел на брендот „Картие“ под името Tank Française, за кој Меган издвои 4800 фунти, или нешто повеќе од 343.427 дeнари.

Меган го купи за себе за посебна пригода - за прославата за објавувањето на третата сезона од серијалот „The suit“ во кој таа играше.

- Во тој момент, тоа беше огромна работа за мене, пресвртница и затоа сакав да се почестам и да си купам нешто навистина големо. Се определив за часовник на кој врежав „За М.М. од М.М.“ - изјави во една прилика Меган.

 Во тоа време, кога го даваше интервјуто, Лилибет не беше ни во план, но од моментот кога го купи, Меган знаеше и кои и се идни планови со часовникот.

- Планирам еден ден да ѝ го дадам на ќерка ми. Тоа е она што ги прави семејните парчиња накит вредни, таа емотивна одлика што ја носат - рече Меган.

извор:zena.blic.rs

Се огласи таткото на Меган Маркл: Не разговара со ќерка му и зетот, но имаше трогателна порака за внуката