Се огласи таткото на Меган Маркл: Не разговара со ќерка му и зетот, но имаше трогателна порака за внуката

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Се огласи таткото на Меган Маркл: Не разговара со ќерка си и зетот, но имаше трогателна порака за внуката

По раѓањето на неговата внука, се огласи и таткото на Меган Маркл, Томас, со кого двојката не е во добри односи.

Тој за британските медиуми изјави дека се радува од оваа вест и дека им посакува се најдобро на Меган и Хари.

„Многу сум среќен што мојата ќерка ја роди мојата внука, им ја испраќам целата моја љубов и им посакувам се најдобро“, изјави тој за „Сан“.

Томас е во кавга со Меган и Хари, тој сè уште не го запознал нивното прво нивно дете и негово внуче, Арчи, а кралскиот биограф Роберт Џобсон вели дека не треба да очекува дека некогаш ќе ја запознае својата внука.

Врската меѓу Меган и Томас се олади откако тој призна дека ги продал своите фотографии на медиумите пред нејзината венчавка со Хари во 2018 година. На почетокот на оваа година, Томас изјави дека им се извинил на својата ќерка и зетот „илјада пати“, но дека тие сè уште не сакаат да разговараат со него.

Во март оваа година, тој исто така беше снимен како донесува писмо до вратата на куќата на Опра Винфри во Монтезит.