Ова се чекаше! Принцот Вилијам и Кејт се огласија по раѓањето на малата Лилибет - вака им честитаа на Хари и Меган
Фото насловна: Инстаграм/Војвотката и војводата од Кембриџ/Кралското семејство
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон им честитаа на Хари и Меган за раѓањето на нивната ќерка
Лилибет Дајана.
Војводата и војвотката од Кембриџ изјавија дека се „воодушевени од раѓањето на бебето Лили“. „Честитки за Хари, Меган и Арчи“, напишаа во изјавата.
We are all delighted by the happy news of the arrival of baby Lili.
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) June 6, 2021
Congratulations to Harry, Meghan and Archie.
Честитки испратија и принцот од Велс и таткото на Хари, Чарлс и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол.
„Честитки за Хари, Меган и Арчи за раѓањето на Лилибет Дајана, им посакуваме се најдобро во овој посебен момент.
Congratulations to Harry, Meghan and Archie on the arrival of baby Lilibet Diana
— The Prince of Wales and The Duchess of Cornwall (@ClarenceHouse) June 6, 2021
Wishing them all well at this special time. pic.twitter.com/ucJZIm2kqH
Претходно, кралицата им честиташе:
„Честитки за војводата и војвотката од Сасекс за раѓањето на Лилибет. Кралицата, принцот од Велс и војвотката од Корнвол и војводата и војвотката од Кембриџ се пресреќни од веста. Лилибет е 11-то правнуче на нејзиното височество “.
Извори на американското неделно списание велат дека Вилијам и Кејт испратиле подарок на Лилибет веднаш штом ја слушнале веста. Членовите на кралското семејство не се виделе од март 2020 година, кога Хари и Меган отпатуваа за Калифорнија. Сепак, Хари ги виде своите роднини во април годинава кога дојде на погребот на принцот Филип.
Веста за раѓањето на нејзината ќерка чекаше да се објави јавно два дена се додека Меган не се врати дома со бебето.
Фото: Инстаграм/Твитер
Moжеби ќе ве интересира:
Се оствари она од што се плашеше кралското семејство: Малиот Арчи е копија на мама Меган Маркл (ФОТО)